јун
11

Многумина слушнале дека црвеното вино може да биде добро за здравјето, но до такво сознание истражувачите дошле преку интервјуирање на луѓето, односно колкави количества вино консумираат, за потоа да ги подложат на испитување.
Во оваа нова студија, шведски истражувачи го направиле токму спротивното. На доброволци им било делено вино за потоа да се утврди во колкава мера различни количества консумирано вино имале влијание врз нивото на холестеролот.
Количеството вино кое секој учесник во истражувањето можел да го добие, било определено со жрепка. Една група биле одредена како антиалкохоличари. Една друга група, составена од жени учеснички во студијата, имале можност да пијат по една чаша секој ден, додека мажите пиело по две чаши вино дневно во период од три месеци.
По завршувањето на студијата биле тестирани нивоата на холестеролот и ефектите врз џигерот при што се добиени изненадувачки резултати, дури и за самите истражувачи. Тие што пиеле вино имале дури 15 отсто пониско ниво на штетен холестерол во крвта, во споредба со оние што добиле улога на антиалкохоличари.
И покрај консумирањето алкохол, кај учесниците во истражувањето не биле забележани оштетувањата на џигерот.
Според истражувачкиот тим, изненадувањето е несомнено бидејќи станува збор за толку големо подобрување на вредноста на холестеролот.
- Соодветно подобрување може да се постигне само со помош на лекови, вели Фрдерик Нистром, професор по интерна медицина при универзитетот во Линчепинг, кој раководеше со проектот.
Други фактори поврзани со стилот на живеење, како, на пример, физички тренинг или диета, не даваат толку голем позитивен ефект.

Се чини дека има вистина во тврдењето оти една чаша вино днвено има позитивно дејство врз здравјето.

Во едно контроверзно истражување во Шведска, учесниците доброволно пиеле вино секој ден во период од три месеци. Тоа придонело за значајно подобрување на нивото на холестеролот кај нив без притоа да бидат констатирани оштетувања на џигерот.

Тука ке направиме пауза,време е за летните одмори  се читаме повторно во септмври.

јун
04

Дали ви е тешко да станете од кревет наутро? Се чувствувате истоштени уште пред пладне и едвај чекате да заврши денот за да можете да се вратите в кревет? Постојано сте исцрпени и немате желба да практикувате активности чисто поради задоволство? Го правите само она што сте принудени да го направите, затоа што немате енергија за повеќе? Ако сето ова ве опишува вас и вашето секојдневие, значи страдате од замор.

Заморот е честа појава. Сите сме го доживеале во некој момент од животот. Некои успешно успеале да го победат, но некои секојдневно се соочуваат со него. За да се справите со заморот, потребно е да знаете зошто се појавува и да ги елиминирате или ублажите причинителите.

  • Проблеми со спиењетоСигурно првата причина којашто ви паѓа на памет кога ќе помислите на замор е недостатокот на квалитетен сон. И со право. Недостатокот на добар сон се одразува негативно на концентрацијата и здравјето.

    Освен недостатокот на сон, нарушувањата како апнеа при спиење можат да бидат причина за појавата на замор. Апнеа при спиење е нарушување коешто предизвикува моментално прекинување на дишењето повеќе пати во текот на ноќта. Ако страдате од апнеа при спиење, секогаш кога ќе прекинете да дишете се разбудувате доволно долго за да си го прекинете сонот и тоа често се случува без да знаете. Па, без разлика колку долго спиете, вие се чувствувате уморни. Најчесто оваа состојба се појавува кај жени со прекумерна тежина.

    Како да се справите?
    Постојат многу начини да ги обезбедите добар сон. Возрасните луѓе треба да спијат 7-8 часа секој ден. Ако страдате од апнеа, побарајте совет од доктор. Тој ќе ви препорача промени во начинот на живот, како слабеење или откажување од цигарите.

  • АнемијаЛицата што страдаат од анемија имаат недостаток на хемоглобин, кој го носи кислородот од белите дробови до другите делови на телото. А кога ткивата и органите не добиваат доволно кислород, настапува замор.

    Анемијата може да настапи поради голема загуба на крв (обилна менструација, породување, внатрешно крварење) или поради недостаток на железо, фолна киселина или витамин B12. Вртоглавицата и раздразливоста се очевидни симптоми на анемијата. Оваа состојба може да се открие преку проверка на крвта.

    Како да се справите?
    Доколку вашиот доктор потврди дека страдате од анемија и ако причината е недостаток на железо, тогаш најверојатно ќе ви препорача да примате железо преку таблети и да консумирате повеќе храна богата со железо, како спанаќ, брокули, црвено месо и џигер.

  • Хипотироидизам (недоволно активна тироидна жлезда)Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка што се наоѓа во основата на вратот и го контролира метаболизмот. Кога таа жлезда е недоволно активна, се чувствувате истоштено, а понекогаш и депресивно. Болестите на тироидната жлезда се голем проблем кај жените и често остануваат недијагностицирани.

    Како да се справите?
    Ако тироидната жлезда е виновник за вашиот замор, тогаш соодветна терапија препишана од доктор ќе ви помогне да го ублажите.

  • Инфекција на мочните патиштаМногу често жените сметаат дека единствените знаци за присуство на инфекција на мочните патишта се честа потреба за мокрење и чувство на печење за време на уринирање. Но, кај некои жени не се појавуваат очигледните симптоми и инфекцијата останува незабележана. Заморот е еден од симптомите за присуство на инфекција на мочните патишта.

    Како да се справите?
    Ако се сомневате дека е можно да страдате од ваков тип на инфекција, анализа на урината ќе ви го даде бараниот одговор. Овие инфекции лесно се лечат, најчесто со помош на антибиотици.

  • Премногу кофеинНормална реакција е наутро да се насочите кон кафето со цел да си ја повратите енергијата и да се расоните. Кофеинот во умерена доза може да ја подобри концентрацијата и будноста, но ако се консумира во поголеми количини, тогаш може да доведе до зголемен крвен притисок, забрзан ритам на срцето и замор.

    Како да се справите?
    Започнете постепено да го намалувате консумирањето на кофеин. Не прекинувајте наеднаш да внесувате кофеин, затоа што тоа ќе му создаде стрес на организмот и може да се појави поголем замор. Но, не заборавајте дека освен кафето и чоколадото, исто така и чајот и газираните пијалоци содржат кофеин.

  • Недоволна и/или неправилна исхранаЖените многу често држат строги диети со цел да го подобрат својот изглед. Јадењето на малку храна прави телото да има недостаток на енергија и нормално е да се појави замор. Нередовната исхрана исто така е голем проблем кој може да доведе до истоштеност.

    Но, понекогаш токму храната од која очекувате да добиете енергија, може да ви го донесе токму спротивното. Одредена храна кај некои луѓе може да придонесе за појавата на замор. Ако се сомневате дека некоја храна ви ја „цица“ енергијата, обидете се да ја елиминирате од вашата исхрана.

    Како да се справите?
    Не држете строги диети и хранете се балансирано повеќе пати во денот. Ужината може да ви помогне да си ја вратите изгубената енергија.

  • ДехидратацијаНа телото му се потребни течности. Без разлика дали спортувате често или пак постојано сте во седечка положба, на вашето тело му е потребна вода. Кога ќе почувствувате жед, вие веќе го имате доведено телото до степен на дехидратација, а заморот е еден од знаците за дехидратација.

    Како да се справите?
    Пијте вода во текот на целиот ден, а не наеднаш. Урината треба да има светла боја. Ако вежбате, пијте повеќе течности од вообичаено. Истото важи и за топлите летни денови.

Промените во начинот на живот можат да ви помогнат да си ја вратите енергијата и еднаш засекогаш да го победите заморот.

јун
02

Мијте ги забите и сочувајте си го срцето

Еве уште една причина зошто треба забите да се мијат регуларно. Луѓето кои не внимаваат на својата орална хигиена имаат поголем ризик од срцеви болести во споредба со оние кои секојдневно ги мијат забите.

- Изненадени сме бидејќи откривме врска помеѓу миењето на забите и кардиоваскуларните болести и воспалителните маркери во крвта. Сè уште ја немаме дефинирано точната поврзаност и ефектите бидејќи се потребни повеќе истражувања со цел да ги дополниме нашите добиени резултати, изјави Ричард Волт, ко-автор на студијата која беше објавена во BMJ и научник од Универзитетот за епидемиологија и јавно здравје во Лондон

Студијата опфатила околу 12.000 луѓе до Шкотска кај кои била следена хигиената на забите и нивното здравје. Научниците осум години ги следеле луѓето колку често ги мијат своите заби и откриле дека за 70 отсто се зголемиле шансите за срцев удар кај оние кои само еднаш на ден ги мијат своите заби, за разлика од оние кои тоа го правеле два пати во денот.

- Често збориме за стилот на живеење и навиките како што е пушењето, вежбањето, диетите и не смееме да заборавиме дека кога станува збор за самоодржување битна е оралната хигиена. Ова истражување само покажа дека има уште една причина да ги миете своите заби. Не пушете, јадете правилно и мијте ги забите, изјави Сузан Стеинбаум, кардиолог од Болницата Lenox Xill Hospital во Њујорк

јун
02

Влијанието на соковите врз крвниот притисок

И умереното намалување на просечната консумација на засладени сокови доведува до намалување на крвниот притисок, објавија американските научници од Louisiana State University.

Во студијата, која траела 18 месеци е утврдено дека на овој начин систоличкиот и дијастоличкиот притисок може значително да се приближи до идеалните вредности, пишува магазинот Circulation.

Со дополнителното намалување на консумацијата на засладените пијалаци крвниот притисок дополнително се намалил, истакнуваат истражувачите.

Во САД во просек дневно се пијат по 2-3 лименки од некој сок, а секој од нив во просек содржи 130 калории шеќер.

На мажите им се препорачува дневното внесување на шеќер да го ограничат на 150 калории (околу 9 лажици за кафе), а жените на 100 калории (околу 6 лажици за кафе).

јун
01

Краток коментар

Дали храната е нашиот  убиец?

Одговорот е да,современата технологија на преработка на храна има своја предност но и голема опасност за нашето здравје,посебно опасни за нас се таканаречените подобрувачи на вкусот на храната кои се означени со кратенката Е.

Посебно опасен “E-621″ ,со кој што се подобрува вкусот на храната ,(со внесување на таа храна во нашата уста,рецепторите пракаат  лажна порака до мозокот дека сме внеле многу вкусна храна).

Со внесување на овој подобрувач на вкусот на храната доаѓа до оштетување на мозокот ,научните веке одамна се противат за користењето на овој подобрувач на вкусот ,но силното лоби на прехрамбената инстрија е толку моќно -што дури и го негираат ово штедно дејство по човековото здравје со тврдење дека количината која што се додава од овој подобрувач на вкус,воопшто не е штетна.

-Први знаци за внесени поголеми количини од овој “E-621″ се покачен крвен притисок ,вртоглавица ,срцева аритмија и на крајот уништување на мозокот ,научниците тврдат дека подобрувачот за вкус  е за неколку пати поопасен и од цигарите и алкохолот.

-Го има најмногу во чипсот ,топеното сирење,инстант супите,во месните преработки итн.

Сами одлучете дали и понатаму ке консумирате храна со подобрувачот на вкус “e-621″ или ке се одлучите за здрава храна.

(извор холански сајт за здрав  живот)

мар
15

Истражување на американските научници спроведено неодамна врз основа на фотографии на бејзбол играчи покажало дека луѓето кои често се смеат живеат подолго од оние кои ретко или воопшто тоа не го прават.

Истражувачите проучуваа 230 фотографии на бејзбол играчи направени во 1952 година. Во зависност од ставот на фотографираното лице, ги поделиле фотографиите во три категории „без насмевка“, „делумна насмевка“ и „широка насмевка“. Потоа ја пресметале очекуваната должина на животот за секоја категорија и ја споредиле со податоците на секој играч.
Лицата од категоријата „без насмевка“ во просек починале на 72,9 години. Старосната граница се зголемила на 75 години за лицата од категоријата „делумна насмевка“, додека оние од категоријата „широка насмевка“ достигнале 79,9 години.
Резултатите од оваа студија се согласуваат со наодите на други истражувања кои покажуваат дека меѓу емоциите и менталното здравје, физичката кондиција и долговечноста постои позитивен однос.